Американскиот државен секретар Антони Блинкен во четврток ќе се сретне со највисокиот кинески дипломат, Ванг Ји, на маргините на разговорите на Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија во Индонезија.
Блинкен и Ванг се состанаа минатиот месец во Пекинг како дел од напорите на администрацијата на Бајден да ги олесни односите меѓу двете сили.
Американската секретарка за финансии Џенет Јелен минатата недела во посета на Пекинг, а од 16 до 19 јули, Џон Кери, специјалниот претставник на САД за климатски прашања, ќе отпатува во Кина.
Блинкен и Ванг учествуваат на разговорите на АСЕАН во Џакарта, заедно со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Состаноците во четврток и петок се очекува да опфатат фокус на работата за ставање крај на кризата во Мјанмар и на тензиите во Јужното Кинеско Море.
Воените владетели на Мјанмар не го спроведоа мировниот план од пет точки за кој се согласија веднаш по соборувањето на владата на Аунг Сан Су Чи на почетокот на 2021 година.
Планот изготвен од АСЕАН вклучува повик за итно запирање на насилството, испорака на хуманитарна помош и мировни разговори.
Според Обединетите нации, насилствата во Мјанмар раселени повеќе од 1 милион луѓе.
Лукас Мајерс, висок соработник за Југоисточна Азија во Центарот Вилсон, за Гласот на Америка изјави дека членките на АСЕАН се поделени околу тоа дали и како да се однесуваат со воените владетели на Мјанмар.
„Значи, поморските држави, Индонезија, Малезија, Сингапур, Филипини, се многу попродемократски во кризата во Мјанмар, додека државите од копното, кои честопати се поавтократски во овој случај, се многу повеќе во корист на хунтата [владејачката во Мјанмар“, рече Мајерс.
Вишиот дипломатски дописник на Гласот на Америка, Синди Сеин, даде свој придонес во овој извештај. Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.