Линкови за пристапност

Врховниот суд на САД одлучува за барањата за увид во финансиските извештаи на Трамп


Врховниот суд на САД треба да ги сослуша усните аргументи од жалбите на три пониски судски одлуки за барањата за увид во даночните и во финансиските извештаи на Претседателот Доналд Трамп.

Трамп ги обжали минатогодишните барања на неколку комисии на Претставничкиот дом и на окружниот правобранител на Њујорк.

Барањата се однесуваат на информации од сметководствената фирма Мазарс како и од Дојче Банк и од Капитал Уан.

Трамп бара да ја зачува приватноста на личните и на корпоративните финансиски информации со што ја прекрши децениската традиција на претседателските кандидати кои ги објавуваат своите даночни пријави.

Досега пониските судски одлуки ги отфрлија барањата, но податоците не се објавени зашто се чека на жалбите доставени до Врховниот суд.

XS
SM
MD
LG