Линкови за пристапност

Врховниот суд ќе и оддаде чест на починатата судијка О’Конор


Првата жена што служеше на судот почина претходно овој месец.
Првата жена што служеше на судот почина претходно овој месец.

Поранешната судијка на Врховниот суд на САД, Сандра Деј О’Конор ќе биде изложнеа во понеделник во судот во Вашингтон пред нејзиниот погреб во вторник.

Судот соопшти дека одржува приватна церемонија во понеделник наутро, по што граѓаните ќе може да и оддадат почит.

О'Конор се приклучи на судот во 1981 година, со што стана првата жена што служеше како судијка на Врховниот суд во Соединетите држави.

Таа служеше до нејзиното пензионирање во 2006 година, со нејзината центристичка позиција честопати правејќи ја да гласа за големи прашања како што се абортусот, афирмативните акции и правата на глас.

О’Конор почина на 1 декември на 93-годишна возраст поради компликации поврзани со деменција и респираторна болест.

Претседателот Џо Бајден се очекува да одржи говор на приватниот погреб во вторник во Националната катедрала во Вашингтон.

Катедралата рече дека О'Конор редовно се поклонувала таму и за време на нејзиниот престој во Врховниот суд, исто така, служела во управниот одбор на катедралата осум години.

Некои информации за оваа содржина дојдоа од Асошиетед прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG