Линкови за пристапност

Вредно откритие од 6-ти век пред нашата ера откриено во струшко Корошишта


Кај струшкото село Корошишта откриени две гробници од архајскиот период од 6 век п.н.е. (08 ноември, 2024 година)
Кај струшкото село Корошишта откриени две гробници од архајскиот период од 6 век п.н.е. (08 ноември, 2024 година)

„Вакви наоди се откриваат еднаш во векот и ние ги нарекуваме епохални откритија. Ова одекна како археолошка бомба не само во Македонија, туку и во регионот. Ова е историја. Како што беше историја 1918 и 1932 година, откривањето на Требеништа, така е и историја 2024 година, откривањето кај Корошишта“, вели Перо Арџанлиев, археолог и раководител на проектот за истражување.

Две гробници од архајскиот период од 6-ти век пред нашата ера, со 80-тина разни други предмети е откриена кај струшкото село Корошишта. Откритието е епохално, велат археолозите по големината на гробницата, која по многу нешта ја надминува Требенишката некропола и карактерот на наодите. Откритијата го осветлуваат велат животот на цивилизациите кои оставиле траги од минатото.

Две гробници од архајскиот период откриени во струшко
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:07 0:00

„Има многу повредни предмети од златната маска. Овој надградник, дел од златната рака, златните прстени и други останати наоди, покажуваат дека покојникот кој е погребан таму и гробната архитектура е импозантна. Станува збор за седум метри должина, 4.5 метри ширина на гробницата, која ги надминува сите познати архајски некрополи на Балканот. Дното на гробницата е на пет метри длабочина“, додава тој.

Наодите со себе отвараат и други прашања

„Наодите се прекрасни, ние се восхитуваме. Меѓутоа контекстот е важен, зошто така го погребале, зошто му ставале такви дарови? Тоа покажува дека покојникот припаѓал на елитата, на елитата која владеела со овој простор, а во 6-ти век пне, Енхелеите биле распространети околу Охридското Езеро. После 6-ти век пред наша ера, ние сме првите, кои го видовме ова пред нас“, вели археолог Перо Арџанлиев.

Кај струшкото село Корошишта откриени две гробници од архајскиот период од 6 век п.н.е. (08 ноември, 2024 година)
Кај струшкото село Корошишта откриени две гробници од архајскиот период од 6 век п.н.е. (08 ноември, 2024 година)

Откритијата се на приватен имот, на жител на селото Корошишта, кој орајќи ја нивата во 2020-та година, сосема случајно открил бронзен шлем. Го одложил сеењето на пченицата за да се продолжи со истражувањата.

„Со овие откритија се потенцира важноста на тоа што границите на универзалното значење на природното и културно наследство под УНЕСКО се просторираат длабоко на северниот брег на Охридското Езеро“, рече Горан Патчев, директор на Заводот и музејот во Охрид.

Кај струшкото село Корошишта откриени две гробници од архајскиот период од 6 век п.н.е. (08 ноември, 2024 година)
Кај струшкото село Корошишта откриени две гробници од архајскиот период од 6 век п.н.е. (08 ноември, 2024 година)

Министерот за култура Зоран Љутков вели дека станува збор за голем научно-истражувачки успех, кој дава значаен придонес во европското и светско археолошко наследство. Според него ексклузивните наоди од пред 2,500 години го зацврстуваат местото на македонската археологија во светот.

„Ова ќе биде највисок приоритет на владата, бидејќи е нешто што ретко се случува, еднаш во векот. Ќе ги преземеме сите мерки, објектот да биде заштитен така како што треба“, вели Зоран Љутков, министер за култура.

Кај струшкото село Корошишта откриени две гробници од архајскиот период од 6 век п.н.е. (08 ноември, 2024 година)
Кај струшкото село Корошишта откриени две гробници од архајскиот период од 6 век п.н.е. (08 ноември, 2024 година)

Сите наоди наскоро ќе бидат претставени пред јавноста, а истражувањата на истиот простор ќе продолжат и во иднина.

XS
SM
MD
LG