Линкови за пристапност

Поглед на Њујорк од брод, и тоа бесплатно


Статуата на слободата сликана од ферибот Стејтен Ајленд
Статуата на слободата сликана од ферибот Стејтен Ајленд

Фериботот Стејтен Ајленд, е еден од најстарите оперативни системи во Њујорк, за превоз на патници меѓу Менхетен и неговите околни населби долго пред да бидат изградени мостовите. Денес, фериботот превезува речиси 22 милиони патници годишно, додека секојдневно околу 70.000. Одделот за транспорт во Њујорк е одговорен за одржување на флотата од десет фери бродови заедно со бројни објекти, вклучувајќи ги терминалите Сент Џорџ и Вајтхол во Стејтен Ајленд но, и Менхетен истовремено.

Фериботот Стејтен Ајленд во Њујорк е бесплатен
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Но, тој не ги превезува само жителите на Њујорк, туку и туристите. Сепак фери бродот Стејтен Ајленд нуди многу повеќе, вклучително и живописен поглед на пристаништето во Њујорк, беспрекорен поглед на градот, и сето тоа е бесплатно! Точно, превозот од Њујорк до Стејтен Ајленд и обратно е бесплатен. За време на 25-минутното возење, покрај панорамата на Њујорк ќе ја видите и Статуата на слободата.

Фериботот Стејтен Ајленд е најпрометниот превоз со фери бродови во САД и најпрометниот фериботски систем во светот.

Веднаш по нападите на 11 септември 2001 година, Фериботовите на Стејтен Ајленд беа користени за евакуација на жртвите од нападите од Светскиот трговски центар.

Сепак, доколку сакате да ја искористите оваа прилика, треба да знаете дека сите патници мора да се симнат на крајниот терминал и повторно да влезат низ зградата на терминалот за да се качат на бродот за назад. Сето тоа е поради усогласеноста со прописите на крајбрежната стража во однос на капацитетот на бродот, но и бидејќи превозниците добиваат субвенции за секој превезен патник од градот Њујорк, пари кои градот ги собира по основ на даноци.

XS
SM
MD
LG