Линкови за пристапност

Data-Clear: Избирачкиот список уште не е точен, мора да се обнови


Неточен избирачки список води кон невалидни избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:45 0:00

Керолин Карлсон, сопственичка на фирма за проверка на избирачки списоци во Вашингтон, вели дека Избирачкиот список не ги содржи најновите податоци

Избирачкиот список во Македонија се` уште не е чист и тоа во голема мера ќе се одрази врз изборите во декември, вели Керолин Карлсон, сопственичка на компанијата „Data-Clear” во Вашингтон, која работи на обновување на податоците на гласачите во многу држави во светот.

Карлсон побарала пристап до Избирачкиот список на Мкаедонија пред една недела, но, вели оти тој бил недостапен.

„Се слушнав со мојот контакт таму изминатата недела, и тој ми рече дека е исклучително тешко да ми помогне да го добијам, и ме упати на интернет страницата на Државната изборна комисија. Но и таму не го најдов. Не беше достапен. Исто така ми рече дека е потребна работа на Избирачкиот список во Македонија, дека треба да се обнови, бидејќи не е точен и не ги содржи најновите податоци“, открива таа.

Карлсон вели дека за да може да се користи Избирачки список тој прво мора да се исчисти, со цел да се осигура дека информациите во него се добиени од вистинските гласачи.

Обично содржи име, презиме и адреса на живеење на гласачот, број на стан, град и држава.

„Некои држави имаат само основни информации, како име и адреса на живеење, некои држави имаат телефонски броеви на граѓаните, други вклучуваат и мејлови, но, во целина сите тие податоци се сметаат за екстремно приватни“, објаснува Карлсон.

Додава дека пристапот до Избирачкиот список мора да биде регулиран, за да се заштити злоупотреба на приватноста.

„Лицето што бара пристап мора да биде овластено, и да може да објасни зошто го бара тоа. Генерално ваков пристап се бара за политички кампањи и од организации кои имаат интерес да влијаат на изборите“, рече Карлсон.

А како може да се одрази и еден сомнителен гласач врз изборниот процес, таа вели:

„Влијанието е суштинско. Ако Избирачкиот список содржи неверодостојни информации, изборите ќе се сметаат за нелегитимни. Еден кандидат може да добие огромна предност во однос на другиот, така што многу е важно кандидатите да имаат еднаков пристап до точни информации за лицата, кои ќе имаат можност да учествуваат во демократските процеси и да гласаат. Во спротивно, последиците се огромни“.

Препорачува граѓаните да излезат на гласање зашто демократијата е важна.

„За политичарите би препорачала да испратат јасна порака зошто нивниот кандидат е подобар од другиот. Тоа е важно за да имате фер политички и демократски процес“, вели Карлсон.

XS
SM
MD
LG