Линкови за пристапност

Вонреден состанок на НАТО – засилен ангажман поради пандемијата


Вонреден состанок на НАТО – засилен ангажман поради пандемијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:06 0:00

Вонреден состанок на НАТО – засилен ангажман поради пандемијата

Засилен ангажман на НАТО за олеснување на последиците од Ковид-19.

Тоа било договорено на денешниот вонреден состанок на министрите за одбрана на членките на Алијансата на кој за прв пат, по приемот на земјава како 30 членка, учествуваше и шеф на македонската одбрана – Радмила Шекеринска.

Ковид-19 претставува невиден предизвик, има огромно влијание врз нашите граѓани и економии.
Јенс Столтенбег, Генерален секретар на НАТО.

Министрите, на телеконференцијата, се согласиле дека предизвиците остануваат и дека има потреба од натамошна координација и ставање на располагање на дополнителни воени капацитети на располагање на НАТО.

„Ковид-19 претставува невиден предизвик, има огромно влијание врз нашите граѓани и економии. Исто така предизвикува невидени шокови на меѓународниот систем што би можело да има долгорочни последици. Кризата покажа дека нашите нации се отпорни и обединетите. Користејќи ги НАТО-механизмите, сојузниците меѓусебно си помагаа за да спасуваат животи“ вели Јенс Столтенбег, Генерален секретар на НАТО.

Досега Алијансата извршила повеќе од 100 летови за транспорт на медицинска опрема и помош, асистирала во изградба на 25 мобилни болници, а 4.000 припадници на воено-медицински персонал биле распоредени за потребите на граѓаните на земјите-членки најпогодени од коронавирусот.

XS
SM
MD
LG