Шведскиот производител на автомобили Волво вели дека до 2019-та ќе престане да произведува мотори со внатрешно согорување. Ќе се префрли на електричните мотори.
Компанијата Волво, е во кинеска сопственост, и е првиот традиционален производител на автомобили кој објави ваков револуционерен потег.
„Ова соопштение значи крај на моторот кој работи исклучиво на внатрешно согорување,“ изјави претседателот на Волво, Хакан Самуелсон и додаде: „потрошувачите сè повеќе бараат електрични автомобили, и ние сакаме да одговориме на тековните и идните потреби на клиентите“.
Од компанијата, која изгради имиџ по безбедноста на патниците, велат дека помеѓу 2019-та и 2021-ва ќе понудат пет електрични автомобили. Три ќе бидат брендирани како Волво, а другите ќе бидат под името Polestar, луксузен бренд на компанијата.
Компанијата соопшти дека ќе понуди и други хибридни автомобили, од кои некои ќе користат мал бензински мотор, кој може да работи заедно со електричниот.
Facebook Forum