Линкови за пристапност

Поранешниот извршен директор на Фолксваген под обвинение во САД


Мартин Винтеркорн живее во Германија, која нема договор за екстрадиција со САД

Поранешниот извршен директор на Фолксваген, Мартин Винтеркорн, сега е под обвинение во САД, за заговор и измама со шемата на жиците кои се вградени кај овој производител на автомобили, а кои служат за мерење на штетни емисии кај дизел горивата.

Сојузните обвинители во Детроит во четвртокот ги отфрлија обвиненијата на Винтеркорн, кој пак ги обвини и другите шефови на Фолксваген во заговорот и измамата на американската влада и потрошувачите, со лажни тврдења дека компанијата се придржувала до законот за чист воздух.

Фолксваген веќе призна дека инсталирал уреди на дизел моделите кои биле дизајнирани да ги вклучат уредите за контрола на загадувањето само за време на тестовите за штетни емисии а потоа устиот тој уред, да се исклучи кога автомобилот се вози на автопат.

Фолксваген беше казнет со парична казна од 2,5 милијарди долари и му беше наредено да ги повлече сите автомобили со такви уреди.

Винтеркорн е деветти извршен директор на Фолксваген или вработен кој ќе биде обвинет. Но, тој живее во Германија, која нема договор за екстрадиција со САД, и малку е веројатно дека ќе ја види внатрешноста на судницата во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG