Американската геолошка организација објави видео на кое се гледа лава како излегува од пукнатина на Големиот Остров на Хаваи, и се влева во океанот.
Организацијата вели дека лавата излегува со несмалено темпо.
Според Хавајската опсерваторија за вулкани, испиштањето гасови од ерупцијата на вулканот и натаму е многу висока.
Властите дозволуваат некои луѓе да се вратат во нивните домови, и во моментов лавата не претставува опасност за други области.
Лавата од вулканот Килауеа уништи повеќе од 600 домови на почетокот од мај.
Facebook Forum