Линкови за пристапност

Водата во Охридското Езеро е од највисок квалитет, барем засега


Охрид, Северна Македонија
Охрид, Северна Македонија

„Водата во Охридското Езеро е од највисок квалитет, односно од прва класа од сите примероци што се земени, микробиолошки квалитетот е одличен“, вели Сашо Точков, директор на Центарот за јавно здравје во Охрид.

Ова го покажуваат анализите кои ги направи Центарот за јавно здравје од Охрид, откако зеде примероци на вода од 39 локации од целото крајбрежје. Тоа значи дека на почетокот на туристичката сезона, туристите и локалните жители, без грижа ќе можат да се капат во езерото. Но, искуствата од минатите години покажуваат дека нештата можат да се променат со зголемувањето на бројот на капачи во месеците јули и август.

Каков е квалитет на водата во Охридското Езеро?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:15 0:00

„Употребата на колекторскиот систем, чести дефекти, прелевање на шахти, ова е појава која ја имаме и во текот на годината, но бидејќи немаме големо оптеретување со луѓе кои доаѓаат и ги користат водоводните и пумпните станици, тогаш имаме помало загадување, но во јули и август очекуваме да имаме полош квалитет“, додава Точков.

Главен проблем за ваквата состојба останува недоизградениот колекторски систем, во одредени делови од езерото. Дополнително, станува збор и за неконтролираната урбанизација, како и нерешениот проблем со неколкуте реки, кои се вливаат во езерото, а кои според Центарот за јавно здравје се негови потенцијални загадувачи. Ваквата состојба го менува составот и на езерото.

Охрид, Северна Македонија
Охрид, Северна Македонија

„На некои места нема колекторски систем па отпадните води кои доаѓаат од куќите и угостителските објекти, завршуваат во Охридското Езеро. Тоа значи големо оптеретување но и менување на флората и фауната во Охридското Езеро. Со години сме имале еден тип на флора и фауна, која последните години мутира, најразлични видови на алги, кои не постоеле порано во таа чиста вода. Краби имаме сега. Ракови имавме порано, а сега во многу помал број и на многу поголема длабочина“, вели Точков.

Со ова се согласуваат и екологистите. Според нив една од најголемите закани по езерото е испуштањето на нетретирани отпадни води од населените места, кои се уште не се поврзани со колекторскиот систем.

„Испуштањето на нетретирани отпадни води доведува до еутрификација и загадување на Охридското Езеро. Иако во последните неколку години извршена е реконструкција на колекторскиот систем, сепак во минатите 20 години и сега, се издвојуваат минимални средства за заштита на еден од најскапоцените еко системи во Македонија. Присуството на фосфорот мора да се намали за 50 проценти, во спротивно под влијание на климатските промени, процесите на еутрификација ќе се забрзаат“, вели еколошкиот активист Ѓоко Зороски.

Друг проблем кој останува е загадувањето со нафта и бензин од пловните објекти, кои пловат низ езерото.

XS
SM
MD
LG