Бордот што е назначен од владата за надгледување на работата на Гласот на Америка и други емитувачи на програма спонзорирани од САД реагира на последниот инцидент со попречување на сигналот на сателитска програма на персиски јазик, од страна на иранската влада, наречувајќи го „прекршување на добро востановени меѓународни договори што е за осуда“.
Соопштението на Бордот на гувернери вели дека попречувањето било насочено спрема Персиската новинска мрежа на Гласот на Америка, Радио Фарда, Радио Слободна Европа на персиски јазик, а засегната била и програмата на БиБиСи на персиски јазик.
Праксата на попречување на сигналите за пренос на програма преку сателит е забранета според правилата на Меѓународната унија за телекомуникација. Иранските државни медиуми не се огласија по прашањето.