Линкови за пристапност

Телефонската линија за пријавување напади врз новинари дава резултати


Телефонската линија за пријави дава резултати - намалени нападите врз новинари
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

Здружението на новинарите бележи намалување на напади, но проблем велат се спорите постапки пред судовите

Северна Македонија бележи тренд на намалување на напади врз новинари, но тоа што загрижува е спорото одвивање на постапките пред судовите и обвинителството, велат од ЗНМ.

Ако годинава имало само три посериозни случаи на физички напади, во 2018, односно 2017 година тој број бил шест, односно осумнаесет.

На новинарите на располагање сега им стои бесплатната телефонска линија на Синдикатот на новинари и медиумски работници, на која можат да пријават, не само вербални или физички напади, туку и заплашувања, онлајн вознемирување, уцени и други видови на загрозување на безбедноста при извршување на задачите.

„Причините поради кои беше отворена оваа линија е не само да се даде поддршка на новинарите и медиумските работници, кога ќе бидат нападнати без разлика на видот на нападот, туку и за кревање на совеста кај граѓаните за важноста од безбедноста на новинарите“, вели Дарко Дуридански, проект координатор во ССНМ и новинар.

На линијата досега биле регистрирани само неколку повици, но од ССНМ велат дека им стојат на располагање на своите колеги, за секаков вид на помош.

„Тие беа решени преку соопштенија и јавен притисок, но и со медијација. Она што ССНМ, може да го преземе по пријавувањето на напад врз медиумски работник е давање на правни совети за пријавување во соодветните институции или пак извлекување на нападнатиот, ако се работи за физички напад, кога му е загрозена безбедноста“, објаснува Дуридански.

Од Здружението на новинари бараат да се забрзаат постапките за напади на новинари изминатите години.

„За повеќе инциденти кои ние сме ги регистрирале над педесет во последните пет години, најголем дел од нив сè уште не се расчистени пред судовите и тапкаат во место“, вели Драган Секуловски, директор на ЗНМ.

Според глобалниот индекс за слободата на медиумите „Репортери без граници“, во однос на другите држави од регионот, Северна Македонија бележи благ пораст вели Секуловски. Земјава во 2019 година беше рангирана на 95 место, од вкупно 180 држави.

„За разлика од лани сега сме за некои десеттина места подобри, но во 2008 година Македонија беше на 34-то место, а во 2013, падна на 123 место“, додава Секуловски.

Тој додава дека би било најдобро земјава да се врати на триесеттото место кога била сметана како позитивен и светол пример на Балканот и пошироко по слободата на изразување.

XS
SM
MD
LG