Линкови за пристапност

Доаѓа зимското сметање времето: Како промената влијае врз биоритамот?


Како поместувањето на стрелките на часовникот влијае врз здравјето?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

Македонската Влада ќе прави детална анализи дали да ја следи европската пракса, последната промена на времето да биде во 2021 година

Стрелките на часовникот се враќаат еден час назад. Наместо три часот по полноќ, според зимското сметање на времето сега ќе биде два часот. Тоа ќе донесе порано стемнување но и порано разденување. Последните години во Европа, па и во земјава се води јавна дебата дали е потребно да дојде до прекин на сезонските промени на времето од зимско во летно и обратно. Граѓаните со кои зборувавме се со поделени мислења.

„Jaс сум да си остане како што беше по старо. Што е сега ова. Пет месеци назад, пет месеци напред. Jас во Охрид работев 30 години, и секогаш беше исто и на лето и на зимa“, вели жител на Охрид.


Други сметаат поинаку.

„Ние сме навикнати како граѓани со менување на времето. И јас мислам дека е убаво така и така да продолжи“, вели граѓанин на Охрид.

Лекарите сметаат дека менувањето на времето се одразува негативно на човечкиот биоритам, но и врз продуктивноста на работното место. Особено тоа негативно влијае велат врз помладата популација.

„Ова го сфаќам како еден вид на експеримент кој се направи во човештвото, меѓутоа резултатите кои ги гледаме во нашата пракса особено кај децата имаат негативно влијание, бидејќи биолошкиот часовник, биолошкиот ритам се променува. Тоа многу делува на сите сфери на човековиот живот, како органски така и психолошки. Децата не можат да го фатат биоритамот на учење и на одморање“, вели Никола Филев, лекар-педијатар.


Европскиот парламент во март годинава донесе предлог-одлука за прекинување на сезонските промени на времето. Сега нејзиниот статус е во фаза на одобрување од страна на Советот на министри. Според тоа, земјите-членки би можеле да изберат дали да останат на летно или зимско сметање на времето. Во тој случај последната промена на времето би била во 2021 година.

Од македонската Влада велат дека во однос на националната определба околу сметањето на времето, претстои усогласување на националното законодавство со ЕУ легислативата и оти одлуката дали земјава ќе остане трајно во летното или во зимското време, ќе биде базирана на детални анализи, во која ќе бидат опфатени сите фактори социјални и економски.

XS
SM
MD
LG