Линкови за пристапност

Женското претприемништво во костец со традицијата и институциите


Да се биде жена претприемач во македонското општество, сè уште значи да се водат постојани битки за себе докажување, како и вложување многу повеќе труд од мажите за да се дојде до успех. Традиционалните сфаќања и бавните институционални промени, сè уште се испречуваат пред женското претприемништво

„Ние како жени моравме многу да се едуцираме и многу да се вложуваме за да успееме. Секое едно слободно време, беше едукација“.

Ова е дел од искуството на Даница Личанин Блажеска, една од македонските успешни жени претприемачи. Таа веќе 25 години го води ланецот од продавници „Рептил“, каде е основач и генерална директорка.

Женското претприемништво во костец со традицијата и институциите
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:13 0:00


Патот не бил едноставен, особено зашто како жена се решила без речиси никаков капитал да почне сопствен бизнис.

Јас ако бев госпоѓа со милион евра што тргнала да прави бизнис ќе немаше проблем, сите ќе ме почитуваа. Но, бидејќи тргнав да правам бизнис со тогашни 10 марки во џеб, е сосема друго нешто
Даница Личанин Блажеска, Сопственичка на маркети „Рептил“


„На сите страни сме дискриминирани бидејќи нашите бизнисмени не почитуваат бизнис, како бизнис партнер кој коректно се однесува, туку нè вреднуваат само по големината. Јас ако бев госпоѓа со милион евра што тргнала да прави бизнис ќе немаше проблем, сите ќе ме почитуваа. Но, бидејќи тргнав да правам бизнис со тогашни 10 марки во џеб, е сосема друго нешто“, додава Личанин Блажеска.

Зачекорувањето во бизнис светот и натаму е голем предизвик за мнозинството жени во македонското општество. Пречките со кои се соочуваат влечат корени и од традиционалните сфаќања.


„Сепак имаме менталитет којшто вели дека жената е столбот на фамилијата. Таа се грижи за фамилијата. Тој менталитет и ставот дека жената не мора да носи финансии сè уште стои како една парадигма овде“, вели Валентина Дисоска, претседателка на Националната платформа за поддршка на женското претприемништво.

Ставот дека жената не мора да носи финансии сè уште стои како една парадигма овде
Валентина Дисоска, Национална платформа за женско претприемништво


Националната платформа беше формирана неодамна, а со цел да се олеснат можностите за напредок. Притоа дијалогот се води и со државните институции и со самите семејства.

„Многу често се работи со самата фамилија, зашто целата фамилија мора да биде свесна што значи женското претприемништво. Дека, ако таа се зафати сериозно со бизнисот ќе биде вин-вин ситуација за да ѝ прават пречки на жената за да го развие сопствениот бизнис“, додава Дисоска.


Жените што на свој грб ги искусиле препреките посочуваат дека државата првично треба да обезбеди повеќе градинки, и тоа со работно време усогласено и со приватниот сектор.

„Доколку би имале кој да ги чува децата, тогаш мислам дека женското претприемништво ќе има уште поголем замав. И самото битие ни кажува дека треба да родиме, да создадеме семејство, а не да се откажеме од истото за да бидеме успешни. За мене успехот значи да се одржува и семејството, но и бизнисот“, истакнува директорката на маркетите „Рептил“.


Од Министерството за економија велат дека, во рамките на повеќегодишна Стратегија за развој на женското претприемништво се применуваат мерки за поддршка на проектите поднесени од жени. Сепак, поради пандемијата, голем дел од нив не се реализирале. Најавија дека до крајот на годинава следи нивна ревизија и можна реализација.

XS
SM
MD
LG