Линкови за пристапност

Премиерот Заев очекува „зелено светло“ и од Холандија и Франција за датум за преговори со ЕУ


Премиерот е оптимист - очекува и Холандија и Франција да се согласат за датум за преговори
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:06 0:00

Премиерот е оптимист - очекува и Холандија и Франција да се согласат за датум за преговори

Холандија и Франција не заради нас, имаат своја легитимна дебата внатре, со своите граѓани, но дефинитивно, сублиматот на сите информации ме прават оптимист

Премиерот Зоран Заев е оптимист дека Франција и Холандија, членките на ЕУ кои сè уште се воздржани за одредување почеток на преговори со С. Македонија, ќе го следат примерот на Германија и на 15 октомври ќе дадат „зелено светло“.

Заев не гледа причина зошто земјата, по 14 години, да не добие датум за преговори.

„Сите политички крупни одлуки се донесоа, земја сме без отворени билатерални прашања, земјите позитивно гледаат, 10 до 20 отсто од говорите во Обединетите Нации почнуваа со примерот за Преспанскиот договор, и сето тоа ми дава за право да бидам оптимист“, рече Заев.

Тој додаде дека процесот не оди лесно.

„Со Бугарија не им е лесно. Има и таму критики. Холандија и Франција не заради нас, имаат своја легитимна дебата внатре, со своите граѓани, но дефинитивно, сублиматот на сите информации ме прават оптимист дека ќе имаме чиста одлука за добивање датум за почеток на преговорите“, истакна Заев.

XS
SM
MD
LG