Линкови за пристапност

Заев за меѓувладината конференција со Русија: Нема никаква порака, настанот е економски


Германија, Франција, сите соработуваат со Русија и тоа не значи никаква порака, работиме на подигнување на нашиот стандард, вели премиерот за одржувањето на руско-македонската меѓувладина конференција

Премиерот Зоран Заев уверува дека државниот врв не размислува за каква било алтернатива на евроатлантските интеграции. Одговорот на премиерот следи по денешната 9-та меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и Русија, која се одржува по неуспехот на земјите – членки на Европската унија да се договорат за почеток на преговори со Скопје.

„За мене алтернатива на ЕУ и НАТО не постои, тоа и граѓаните ни го кажуваат – повеќе од 80 отсто од нив се за интегарција во ЕУ и НАТО. Наш интерес, како и на европските земји, е да соработуваме со остатокот од светот“, рече Заев.

Германија, Франција сите соработуваат со Русија и тоа не значи никаква порака, работиме на подигнување на нашиот стандард. Треба да правиме се што носи бенефит за нашиот народ
Зоран Заев, Премиер на С.Македонија


Зошто ваква конференција меѓу Македонија и Русија, токму сега, по 3 годишна пауза и дали е тоа некаква порака до Унијата? Заев одговара дека настанот договорен уште во 2017-тата има чисто економски карактер.

„Знаете дека Германија, Франција сите соработуваат со Русија и тоа не значи никаква порака, работиме на подигнување на нашиот стандард. Треба да правиме се што носи бенефит за нашиот народ“, додаде премиерот.

И рускиот амбасадор Сергеј Баздникин зборуваше само за економските односи, без политичка конотација во однос на зачленувањето на Македонија во НАТО. Фразата која Баздникин ја употреби беше „нашите братски народи“.

„Уверен сум дека сите присутни го делат стремежот за проширување на економските контакти, кон реалзиација на нови заеднички проекти за доброто и во интерес на нашите блиски и братски народи“, рече Баздникин.

Македонскиот премиер денеска потврди дека Македонија останува на позицијата да не се приклучи кон бранот санкции против Руската Федерација, исто како и Србија, и дека очекува Москва тоа да го цени.

Заев: Нема друга алтернатива за ЕУ, соработката со Русија е економска
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:11 0:00

XS
SM
MD
LG