Линкови за пристапност

Средба Заев - Брнабиќ: Останува разликата меѓу Белград и Скопје за Косово


Едношалтерски систем на граница: Проработе заедничката пасошка контрола меѓу С. Македонија и Србија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:10 0:00

Го поздравуваме седнувањето на иста маса на косовскиот и српскиот претседател. Ние постигнавме тешки договори, знаеме колку се тие тешки. Решавањето на ова прашање е од интерес на Северна Македонија и на целиот регион, рече Заев

Останува разликата меѓу Белград и Скопје за Косово, но тоа не ги спречува двете земји да разговараат за ова прашање – чувствителната тема била отворена на денешната средба Заев-Брнабиќ, особено делот за зачленувањето на Приштина во меѓународните организации.

„Во однос на политиката разговаравме и за Косово. Тоа е една од темите за кои не се согласуваме, но важно е дека разговараме. С. Македонија еднострано го призна Косово, зборевме за членството на Косово во меѓународните организации. Ова не е лесно и едноставно прашање, но важно е дека зборуваме за проблемите. Кога политиката не може да зборува, тогаш тоа треба да го прави економијата“, рече премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.

Македонскиот премиер Зоран Заев истакна дека постигнувањето согласност меѓу Белград и Приштина е од интерес за целиот регион.

„Важно е да се реши проблемот со Косово. Го поздравуваме седнувањето на иста маса на косовскиот и српскиот претседател. Ние постигнавме тешки договори, знаеме колку се тие тешки. Решавањето на ова прашање е од интерес на С.Македонија и на целиот регион“, рече Заев.

Ставот на Скопје е дека поддржува решение кое со себе нема да повлече и промена на границите - пораката на Заев и Брнабиќ е дека Балканот треба да гледа кон иднината, а не кон прашањата од минатото. Регионалната соработка, слободната трговија, проитокот на луѓе и стоки, приближувањето кон ЕУ – тоа се прашањата кои, според нив, ќе доведат до безбедност и стабилност во овој дел од Европа. Двајцата премиери денеска го отворија интегрираниот граничен премин Табановце-Прешево.

„Северна Македонија заедно со Србија воспоставуваат заедничка царинска контрола со што се обезбедува заедничко извршување на царинските должности при премин на патниците и стоките“, истакна Заев.

Српската премиерка додаде дека се работи за важен чекор во односите меѓу двете земји.

Ова е прв заеднички граничен премин во овој дел од Европа. Ова не е важен ден само за двете земји, ова е потенцијално нов почеток за економската, трговска и регионалната соработка на Западниот Балкан“, рече Брнабиќ.

Заедно со Германија, Британија, Грција и Италија, Србија е во топ петте трговски партнери на Македонија.

XS
SM
MD
LG