Линкови за пристапност

Македонско-словенечки тим создава успешна претприемничка приказна на Балканот


Младите архитекти и креатори отворија нов мултимедијален простор во Скопје, во кој ги покануваат креативците од сите возрасти да им се придружат
Младите архитекти и креатори отворија нов мултимедијален простор во Скопје, во кој ги покануваат креативците од сите возрасти да им се придружат

Во Скопје од неодамна е отворен нов креативен простор. Го води млад македонско-словенечки тим кој со архитектонски проекти и дизајни освојува признанија низ Балканот. Погледите на младите креативци се исклучително ветувачки.

Ентузијазам, креативност и сплотеност се одлики на младиот тим што неодамна отвори концептуален галериски простор во Скопје. Се работи за галеријата „Мала“, што ја води македонско-словенечка екипа од тројца архитекти и една модна дизајнерка.

Македонско-словенечки тим создава успешна претприемничка приказна на Балканот
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:17 0:00

„Една нова приказна меѓу нас. Спој на моден дизајн и архитектура. Се трудиме да постигнеме и да донесеме нешто ново, една нова енергија во нашиот град“, вели младата архитектка Мирјана Лозановска.

Архитектите Мирјана Лозановска, Ерик Јуришевич, Силвија Шалева и мoдната дизајнерка Евгенија Зафировска се јадрото на младиот тим. Ги поврзал интересот кон креациите и кон архитектурата

Архитектите Мирјана Лозановска, Ерик Јуришевич, Силвија Шалева и мoдната дизајнерка Евгенија Зафировска се јадрото на младиот тим. Ги поврзал интересот кон креациите и кон архитектурата.

„Приказната всушност почна додека бев во странство, на студентска размена. Тогаш ме повикаа колешките, да направиме некоја приказна заедно, некој конкурс, уште пред три години. Така почна, со еден конкурс. Наместо да одам да работам во Берлин, решив да се вратам кон југ“, раскажува Ерик Јуришевич од Словенија.

Целта на галеријата „Мала“ е да биде место каде тие самите ќе создаваат, но ќе ги отворат вратите и за други креативци.

„’Мала’ не е само архитектура и моден дизајн. ‘Мала’ е еден хибриден простор, во којшто пред сè нудиме можности и имаме план да изложуваат многу млади дизајнери, архитекти, модни дизајнери“, додава Лозановска.

‘Мала’ е еден хибриден простор, во којшто пред сè нудиме можности и имаме план да изложуваат многу млади дизајнери, архитекти, модни дизајнери
Мирјана Лозановска

Дизајнерката Евгенија Зафировска, пак, додава дека имаат отворени врати за сите:

„Може и постарите, зошто да не. Немаме ограничувања во возраста. Да се поврземе помлади и постари. Да го споделиме своето искуство, зашто тие знаат нешто од своето време, ние нешто од нашето време“.

За оваа млада екипа, меѓудржавните граници веќе одамна се минато. Нивни проекти и дизајни патуваат низ Европа и освојуваат награди. Во Вуковар веќе се гради и средно училиште според проект на архитектите од тимот, кои настапуваат под името „Konntra“.

„Постои некој голем потенцијал што во овој регион е некако неоткриен. Треба да им се даде можност на младите луѓе да го покажат тој свој потенцијал. Затоа и ја почнавме таа приказна со ‘Мала’, смета Јуришевич“.

Дизајнерката Зафировска, пак, се истакнува по тоа што во дел од модните креации користи нов вид материјали.

„Истражував и најдов поразлични материјали. Да биде нешто поинтересно, посвежо во Скопје, во ‘Мала’. Со мојот тим изработив елек од пинатекс, направен од листови од ананас. Иновативен е и ќе ја замени кожата. Сите се борат за животната средина, што е и мој акцент на колекциите“, вели Зафировска.

Плановите на овој млад тим се големи. Веруваат дека има простор за заеднички напредок низ креативните индустрии.

„Како што дизајнерските парчиња на Евгенија се самоодржливи, така ќе се потрудиме и ‘Мала’ да биде самоодржлив простор. Да трае многу повеќе од тоа што сме си го замислиле и зацртале. Се надеваме дека ќе ни се оствари идејата“, истакнува архитектката Лозановска.
Им посакуваме успех.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG