Линкови за пристапност

Берзите низ светот во нагорна линија, расте цената и на нафтата


Токискиот индекс „никеи“ заврши за 1,7 проценти повисоко, откако јапонската влада најави укинување вонредните мерки

Благ пораст во тргувањата и вредноста на акциите беа забележани денеска на повеќето главни берзи низ светот. На берзата во Париз дојде до пораст на тамошниот индекс за еден процент, додека на тргувањето во Франкфурт имаше покачување за 1,5 проценти. Во Лондон немаше тргување поради национален празник.

Азискиот берзански пазар, исто така забележа позитивен тренд. Токискиот индекс „никеи“ заврши за 1,7 проценти повисоко, откако јапонската влада најави укинување вонредните мерки.

Со турбуленции помина индексот на тргување во Хонг Конг каде, поради нови протести, дојде до пад на тргувањето, со краен исход во позитива од само 0,1 проценти.

Тргувањето во Сиднеј заврши со пораст од 2,1 проценти на тамошниот индекс, додека во Сеул порастот изнесуваше 1,2 проценти.

Покачување на цените има и во нафтениот пазар. Така американската сурова нафта се тргуваше по цена од 33,49 долари за барел, додека „брент“ нафтата се нудеше по иста цена од 35,11 долари за барел.

Сите три берзи во САД денеска се затворени по повод Националниот ден за сеќавање на загинатите американски војници во сите досегашни војни.

XS
SM
MD
LG