Линкови за пристапност

Демократите ќе одлучуваат дали Бар со наредба ќе го предава целосниот извештај на Мулер


Претставниците од Комитетот за правосудство и од Одделот за правда на САД се сретнаа вчера во обид да најдат решение за спорот

Комитетот за правосудство во Претставничкиот дом ќе одлучува дали да му се нареди на главниот правобранител Вилијам Бар да го предаде целиот и неревидиран извештај од специјалниот советник Роберт Мулер. Извештајот се однесува на истрагите за евентуална руска вмешаност во претседателската изборна кампања во САД во 2016 година.

Претставниците од Комитетот и од Одделот за правда на САД се сретнаа вчера во обид да најдат решение за спорот. Но, двете страни излегоа со соопштенија дека сè уште нема доближување на ставовите.

Правобранителот Бар минатиот месец објави редактирана копија од извештајот на Мулер, со заклучок дека ниту претседателот Трамп, ниту кој било од неговата кампања имал соработки со Русија. Правобранителот одлучи и дека нема основи за обвиненија кон Трамп за евентуално попречување на правдата.

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел рече дека е време истражителите да ја затворат истрагата за поврзаност со Русија, нагласувајќи дека случајот е затворен.

На тоа се спротивстави Ненси Пелоси, спикерката на Претставничкиот дом, која истакна дека случајот не е затворен.

XS
SM
MD
LG