Линкови за пристапност

Ништо од најавите за скорешен ветинг во судството и обвинителството


Нема скорешен ветинг во судството
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:32 0:00

Нема скорешен ветинг во судството

Иницијативата што ја заговараше владата ќе ги почека предвремените парламентарни избори предвидени за април

Ништо од најавите на власта за скорешен ветинг во судството и обвинителството. Иницијативата што ја заговараше владата ќе ги почека предвремените парламентарни избори предвидени за април.

Образложението на министерката за правда зошто се откажуваат од оваа идеја е потребното двотретинско мнозинство во парламентот.

Двотретинско мнозинство не може да се обезбеди пред изборите, тоа е реалност и ниеден процес не треба да биде избрзан. Но, мило ми е што веќе се јакне свеста и се отвора дебата и во самото правосудство дека се потребни корекции во нивното работење
Рената Дескоска, Министерка за правда

„Двотретинско мнозинство не може да се обезбеди пред изборите, тоа е реалност и ниеден процес не треба да биде избрзан. Но, мило ми е што веќе се јакне свеста и се отвора дебата и во самото правосудство дека се потребни корекции во нивното работење, така што 99 отсто, ако не и 100 отсто таа работа ќе остане за по изборите“, рече министерката за правда, Рената Дескоска.

За обвинителскиот врв, ветингот е проблематичен не само поради немањето доволно обвинители – бројка што потенцијално би се намалила со длабинската проверка - туку и поради уставната позиција.

„На јавното обвинителство, според уставот, му е загарантирана самостојноста. Други институции не смеат да се мешаат во неговата работа“, вели Ацо Колевски, претседател на Советот на јавни обвинители.

Владејачките СДСМ и ДУИ јавно декларираа дека се за ветинг – темелна и опсежна проверка на судиите и обвинителите, операција која би требала да ги издвои квалитетните од спорните кадри во оваа област клучна за владеењето на правото.

Но, процесот не се помести подалеку од изјави поради воздржаноста на опозицијата, но и скептичноста кај дел од меѓународната заедница откако ветингот во Албанија не го предизвика очекуваниот ефект.

XS
SM
MD
LG