Претседателот Доналд Трамп побара од Централната банка да не ги покачува каматните стапки на следната средба на креаторите на банкарските политики.
Во порака на Твитер, Трамп напиша дека е незамисливо покрај силниот долар, виртуелно нула инфлација, немири во Париз и пад на Кина, банкарските раководни лица да размислуваат за ново кревање на каматите.
„Уживајте во победата!“, напиша Трамп на неговиот профил на Твитер.
Креаторите на политиките на Централната банка, коишто функционираат независно од Белата куќа, треба да се сретнат утре и задутре во Вашингтон. Тоа што се најавува е дека на оваа средба е дека е можно да биде донесена одлука за кревање на каматните стапки за четвртина процентни поени. Можни се и поголеми покачувања, но не во 2019 година.