Линкови за пристапност

Самит САД – Северна Кореја: Втора историска средба меѓу Трамп и Јонг Ун


Пред заминувањето од Вашингтон, Трамп истакна дека се надева оти севернокорејскиот лидер ќе се согласи на целосна денуклеаризација на неговата земја

Договор за денуклеаризација на Пјонгјанг се очекува да биде постигнат на вториот самиот меѓу САД и Северна Кореја што утре и задутре ќе се одржи во Виетнам.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун рано утрово со воз влезе во Виетнам, преку Кина, при што беше пречекан со почесна воена стража на станицата Донг Данг. После тоа со колона автомобили тој замина за Ханој.

Пристигнувањето на претседателот Доналд Трамп, се очекува за вечерва по локално време во Виетнам. Пред заминувањето од Вашингтон, Трамп истакна дека се надева оти севернокорејскиот лидер ќе се согласи на целосна денуклеаризација на неговата земја.

Првата брифинг средба меѓу Трамп и Јонг Ун треба да биде утревечер, со заедничка вечера на која ќе присуствуваат и државниот секретар Мајк Помпео и шефот на персоналот во Белата Куќа, Мик Мулвени. Со двајца придружници ќе биде и севернокорејскиот лидер.

Следниот ден, во четврток, ќе следат серија средби и директни разговори меѓу Трамп и Јонг Ун.

XS
SM
MD
LG