Линкови за пристапност

Напредок во разговорите за нов пакет помош за американските граѓани


Демократите се за распределба на пакет од три трилиони долари, додека републиканците сакаат помошта да биде ограничена на еден трилион

Претставници од Белата куќа и конгресмени од редовите на демократите денеска разговараат повторно за новиот пакет помош за американските граѓани. Засегнатите страни велат дека има напредок во напорите за постигнување заедничка согласност околу формата на пакетот помош, што треба да им се додели на американските семејства кои се најмногу економски погодени од пандемијата.

Спикерката на претставничкиот дом, Ненси Пелоси, рече дека заедно со лидерот на демократите од Сенатот, Чак Шумер, ќе имаат уште една рунда разговори вечерва во Секретарот на федералните резерви, Стив Мнучин и со шефот на кабинетот во Белата куќа, Марк Медоус.

„Има придвижување. Разлики сѐ уште има и се обидуваме да добиеме појасна претстава за потребите“, рече Пелоси пред денешната средба.

Двете страни се разликуваат во висината на пакетот еднократна парична помош. Демократите се за распределба на пакет од три трилиони долари, додека републиканците сакаат помошта да биде ограничена на еден трилион.

Сепак, Мнучин вчера даде сигнал за поголема флексибилност во ставовите.

„Подготвени сме за поголем пакет, доколку постои меѓусебна согласност“, рече Мнучин.

XS
SM
MD
LG