Не е нормално во 21. Век луѓе да гинат за Путин да остане на власт, за да ја задржи власта со крвави раце од невините украински луѓе. Нашата војска е доволно спремна да се спротивстави. Но, повторно ќе кажам, дипломатијата треба да е на прво место. Да се реши овој конфликт на дипломатско ниво. Да запре војната, да биде мир. Мир во Украина, мир во Европа, порача Олександр Урбанович, претседател на украинското здружение „Лесја Украинка“ на протестот низ Скопје против агресијата врз нивната земја.
Украински граѓани на протестен марш низ Скопје
Стоп за војната во Украина, стоп за агресијата од Русија, помогнете ѝ на Украина, порачаа украински граѓани што излегоа на протестен марш до руската амбасада во Скопје