Америка не бара конфликт со ниту една друга земја, но нема да се поколеба да ги одбрани интересите на САД, беа дел од зборовите во говорот што американскиот претседател Доналд Трамп го одржа на првиот ден од 74. Генерално собрание на Обединетите нации.
„Ние посакуваме мир, соработка и заеднички напредок со сите, но никогаш нема да потфрлам во одбраната на американските интереси“, рече Трамп пред светските лидери.
Ние посакуваме мир, соработка и заеднички напредок со сите, но никогаш нема да потфрлам во одбраната на американските интересиДоналд Трамп, претседател на САД
Американскиот претседател посочи дека режимот во Иран е најголема светска закана, нагласувајќи дека ги угнетува сопствените граѓани и дека поттикнува конфликт и тероризам надвор од своите граници. Трамп рече дека додека Иран продолжи да го прави тоа, санкциите од САД ќе продолжат додека.
Сепак, Трамп остави отворена врата за дипломатијата, нагласувајќи дека САД никогаш не веруваат во вечни непријатели и дека земјата „сака партнери, а не противници“.
Трговска војна
За време на обраќањето, Трамп исто така упати остри зборови за Кина, нагласувајќи дека не е дозволиво понатамошно „играње“ со меѓународниот трговски систем.
„Американските граѓани се апсолутно посветени на подобрување на односите со Кина. Се надевам дека дека ќе постигнеме договор од кој бенефит ќе имаат двете страни. Но, кажав јасно, нема да прифатам договор што е лош за американските граѓани“, рече Трамп.
Претседателот додаде дека ги набљудуваат и постапките на Пекинг во Хонг Конг, каде се случија повеќе протести.
Предупредување до илегалните мигранти
Дел од својот говор Трамп посвети и на илегалната имиграција.
Не им плаќајте на криумчарите, не се ставајте себе си и своите деца во опасност. Бидејќи, ако стигнете до овде, нема да ви биде дозволено да влезете. Ќе бидете вратени назадДоналд Трамп
„Голем дел од земјите што се денес тука, се соочуваат со предизвикот од неконтролираната имиграција... Секој од вас има апсолутно право да ги заштити своите граници и својата земја“, рече Трамп и им укажа на земјите од Централна Америка да не ја поттикнуваат миграцијата на север.
„Секој што има намера да ја премине нелегално нашата граница, треба добро да ги слушне овие зборови: ‘Не им плаќајте на криумчарите, не се ставајте себе си и своите деца во опасност. Бидејќи, ако стигнете до овде, нема да ви биде дозволено да влезете. Ќе бидете вратени назад’, беше категоричен Трамп.
Претседателот ги обвини и активистите и невладините организации во САД и во странство за поттикнување на миграциската криза, под изговор за социјална правда.
Упати критики и предупредување до властите во Венецуела, Никарагва и Куба.
“Диктаторот Мадуро е кубански пион, заштитен од кубанска гарда, криејќи се од сопствените луѓе“, рече Трамп и додаде дека САД ги поддржуваат граѓаните на Венецуела.
Трамп беше кус за дипломатските напори во односите со Северна Кореја и рече дека тоа е земја со голем потенцијал. Сепак, не кажа кога повторно би се сретнал со лидерот Ким Џонг Ун.