Линкови за пристапност

Трамп негира дека имал загуба од милијарда долари


Според објава на „Њујорк Тајмс“, загубите на претседателот биле во периодот од 1985 до 1994 година од неговиот бизнис со недвижности

Претседателот Доналд Трамп отфрли објава на „Њујорк тајмс“, а во која се вели дека тој изгубил една милијарда долари додека тргувал со недвижнини во Њујорк во периодот меѓу 1985 и 1994 година. Според објавата, тоа било „спорт“ на бизнисмените за легално да избегнат плаќање даноци.

Во серија објави на „Твитер“, претседателот напиша дека извештајот на „Њујорк Тајмс“ е многу стара информација и дека е лажна и неточна вест. Сепак, тој не негира дека избегнал плаќање даноци осум години во период од десет години.

За време на неговата претседателска трка во 2016 година, Трамп во повеќе наврати себе си се претставуваше како успешен претприемач со богатство од неколку милијарди долари.

Во објавата на „Њујорк Тајмс“ се вели дека Трамп во период од една декада, изгубил многу повеќе пари од кој било друг даночен обврзник во САД.

XS
SM
MD
LG