Линкови за пристапност

Трамп доби покана да се обрати пред Конгресот и до нацијата


Спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси испрати покана до претседателот Доналд Трамп да го одржи говорот за состојбите во унијата во американскиот Капитол.

Неговото обраќање ќе биде на петти февруари пред заедничката сесија на двата дома во Конгресот.

Првично говорот на Трамп требаше да биде денеска, на 29 јануари, но Пелоси побара од претседателот да почека додека да се стави крај на делумното затворање на Владата. Воедно, таа, како втора опција му предложи да достави печатена верзија од говорот.

Најдолгото затворање на Владата во историјата на САД заврши во петокот, откако падна договор меѓу Трамп и конгресните лидери за таа да биде привремено отворена во период од три недели. Со тоа се овозможи стотиците илјади федерални работници да ги земат заостанатите плати.

XS
SM
MD
LG