Линкови за пристапност

Редовен лекарски преглед за претседателот Трамп


Ова ќе биде втора проверка на здравјето на првиот човек на САД, откако во јануари лани беше оценето дека е во одлична состојба

Редовен годишен лекарски преглед е закажан за денеска за претседателот Доналд Трамп. Како што соопшти портпаролката на Белата Куќа, Сара Сандерс, неговото здравје ќе биде проверено во воената болница „Валтер Рид“, во близина на Вашингтон.

Ова ќе биде втор лекарски преглед за Трамп, откако тој стана претседател во јануари 2017 година.

Последниот редовен лекарски преглед му беше во јануари 2018 година, при што беше оценето дека се наоѓа во „одлична здравствена состојба“.

Докторот Рони Џексон после прегледот истакна дека Трамп, со оглед дека ниту пуши, ниту пие, има „исклучително добри гени“ и дека ќе остане здрав во текот на целиот претседателски мандат.

Лекарот воедно му препорача на претседателот да намали пет до десет килограми.

Новиот преглед ќе го прави докторот и воен ветеран, Шон Конли, кој е нов лекар назначен да води грижа за здравјето на претседателот.

XS
SM
MD
LG