Линкови за пристапност

Трамп: Сослушувањето за импичмент е срамно


Претседателот на САД обвини дека демократите ги блокираат сведоците предложени од републиканците

Нова серија критики упати претседателот Доналд Трамп кон сослушувањата што во рамките на постапката за импичмент треба да се одржат во текот на оваа недела. Трамп сослушувањата ги нарече „срамни“ и додаде дека демократите ги блокираат сведоците предложени од републиканците.

Трамп рече дека претседавачот на Конгресната комисија за разузнавање, Адам Шиф, кого го нарече корумпиран политичар и спикерката на Претставничкиот дом, Нанси Пелоси, сакаат претставниците од Белата куќа да сведочат во, како што истакна, „срамен лов на вештерки“.

Трамп на Твитер напиша дека Шиф „нема да му дозволи на адвокатот на Белата куќа, ниту на никого од сведоците предложени од нивна страна“, да сведочат. Тоа, како што истакна претседателот на САД, „се случува првпат во историјата на Конгресот“.

Според процедурата за сослушување, што ја донесе Претставничкот дом, а во кој мнозинството го имаат демократите, Трамп ќе добие можност да биде претставуван од адвокат. Тоа ќе биде овозможено ако во текот на претстојните сослушувања има доволно материјал за негов импичмент, како и во случај ако почне судење во Сенатот, во кој контролата ја имаат републиканците.

Но, според истите правила, не е предвиден правен претставник на Трамп во текот на сослушувањата во рамките на Конгресната комисија за разузнавање, а кои почнуваат во среда.

XS
SM
MD
LG