Линкови за пристапност

Ново тропско невереме закана за САД


Ново тропско невереме закана за САД
Ново тропско невереме закана за САД

Прогласена вонредна состојба во неколку сојузни држави; Ли се приближува

Вонредна состојба е прогласена во сојузната држава Луизијана. Њу Орлеанс е посебно на удар, од новото тропско невреме Ли, кое според Националниот центар за урагани, во моментов се наоѓа на оддалеченост од нешто помалку од 400 километри југозападно од устието на реката Мисисипи, со максимална јачина на ветриштата од 55 километри на час.

Предупредувањето од невремето е на сила и за соседните држави Мисисипи и Тексас. За одредени области се очекуваат врнежи и до 50 сантиметри. Гувернерот на Луизијана Боби Џиндал издаде наредба за подготовка на жителите од можни поплави.

Нафтените компании како Шел, Ексон мобил и Би-Пи, ги затворија своите погони за нафта и гас во Мексиканскиот Залив и ги евакуираа работниците.

XS
SM
MD
LG