Линкови за пристапност

Најмалку петмина загинати во серија торнада во САД


Најмалку пет лица го загубија животот во силно невреме што вчера зафати делови од југот и од источното крајбрежје на САД. Меѓу загинатите има и најмалку три деца.

На подрачјето од Тексас до Алабама беа регистрирани повеќе торнада, а од невремето беа погодени повеќе од 100 милиони луѓе.

Речиси 6.000 летови низ САД беа откажани или одложени.

XS
SM
MD
LG