Линкови за пристапност

Продолжува потрагата по преживеани од торнадата во Алабама


Шерифот на областа Ли, Џеј Џонс, истакна дека десетици луѓе сè уште се водат како исчезнати од невремето во кое загинаа најмалку 23 лица

Спасувачките кипи во Алабама сè уште се во потрага по преживеани од разурнувачките торнада што во неделата ја погодија сојузната држава на југот на САД и одзедоа најмалку 23 животи.

Според информациите од локалните власти, областа на југоистокот ја погодиле најмалку две торнада. Шерифот на областа Ли, Џеј Џонс, истакна дека десетици луѓе сè уште се водат како исчезнати.

Гувернерот на Алабама, Кеј Ајви, прогласи вонредна состојба за да се обезбедат итни државни средства за помош на погодените подрачја.

Претседателот Доналд Трамп, пак, на Твитер напиша дека Федералната агенција за итна помош (ФЕМА) ќе ја стави Алабама на највисок приоритет за интервенција, а со дел за брзо опоравување после торнадата.

XS
SM
MD
LG