Линкови за пристапност

Врховниот на САД во одбрана на „непристоен“ моден бренд


Судиите се согласиле дека вековниот закон за забрана на т.н. непристојни или неморални трговски марки е неуставен

Врховниот суд на САД донесе одлука спротивна од ставот на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, при што оцени дека вековниот закон за забрана на т.н. непристојни или неморални трговски марки е неуставен.

Сите деветмина судии во понеделникот се согласија дека актот на Ланам од 1905 година е спротивен на Првиот амандман што ја гарантира слободата на говорот.

Одлуката на судиите е иницирана од обидот на калифорнискиот дизајнер, кој сакаше да регистрира нов моден бренд под името FUCT.

Федералното биро за патенти и трговски марки го одби дизајнерот, со објаснување дека името на неговиот бренд било многу слично со добро познатиот непристоен збор.

XS
SM
MD
LG