Линкови за пристапност

Дезинформации и надворешни влијанија во домашниот медиумски простор


Дезинформациите и странските влијанија се составен дел од македонскиот медиумски простор. Кај дел од домашните медиуми има наклонетост кон руски гледишта, а како потенцијален извор на влијанија се спомнува и Кина. Сепак, познавачите укажуваат – медиумскиот плурализам е добредојден

Путин на лов, Путин во студена вода, Путин пилотира. Вакви наслови се појавуваат во дел од домашните медиуми. Често се придружени и со зборови што ја величаат личноста на рускиот претседател, Владимир Путин.

Дезинформации и надворешни влијанија во домашниот медиумски простор
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:35 0:00

„Не ја гледаат позадината на таа вест. Се креира некое мислење што доаѓа само од таа вест. Додека на Запад, ќе напишат ‘Зошто пливал Путин’, ‘Како пливал Путин’, дали е тоа за да го зголеми својот рејтинг, дали да се прикаже како мачо. Може и психолошки портрет да му направат“, вели Мирче Адамчевски, медиумски експерт и поранешен дописник од Москва.

Членството во меѓународните организации, односно ЕУ и НАТО, придонесува за поголема отпорност
Илија Џугуманов, генерален секретар на Евро-атлантски совет на Северна Македонија


Според неодамнешното истражување на Глобсек, за ранливоста на земјите од централна Европа и од Западен Балкан на влијанијата од Русија и од Кина, македонското општество е на средина од скалилото. Индексот на ранливост е 40 од можни сто.

„Самиот индекс на ранливост покажа дека членството во меѓународните организации, односно ЕУ и НАТО, придонесува за поголема отпорност“, истакнува Илија Џугуманов, генерален секретар на Евро-атлантски совет на Северна Македонија.


Сепак, како што беше наведено во извештајот, а во чија изработка беше вклучен и Евро-атлантскиот совет на Северна Македонија, политичката поделеност и натаму ја прави земјата ранлива на надворешни влијанија.

„Огромна политичка поларизација која на некој начин е поделена во антагонистички политички кампови. Со самата таа поделеност, општеството е уште повеќе ранливо“, додава Џугуманов.

Анализиравме вкупно 127 статии. Речиси 70% ја содржеа руската страна на приказната, додека околу 30% ја содржеа британската. Само пет статии беа оценети како неутрални
Росана Алексоска, „Мост“.


Граѓанската асоцијација МОСТ неодамна излезе и со анализа на медиумските известувања во врска со тензичната ситуација во Црното Море што се случи летово меѓу британски воен брод „Дифендер“ и руската морнарица. Нивната анализа покажала поголема наклонетост на дел од македонските медиуми кон руските информациски гласила.

„Анализиравме вкупно 127 статии. Речиси 70% ја содржеа руската страна на приказната, додека околу 30% ја содржеа британската. Само пет статии беа оценети како неутрални“, посочува Росана Алексоска од „Мост“.

Притоа била забележано „извртување“ во пренесувањето на информациите.

„Речиси 60 проценти користеа руски извори, а само 19 проценти користеа британски извори. И покрај ова, дел од британските извори беа извртени или манипулирани во прилог на рускиот наратив“, додава Алексоска.

Според анализите за Глобсек, ранливоста на медиумскиот простор се должи и на нарушувањето на слободата на говорот, како и на големиот прилив од дезинформации.

„Таа тенденција на високи владини функционери и партиски претставници да упатуваат закани или навреди до новинарите, за жал, сè уште се присутни во нашето општество“, вели Џугуманов.

Медиумскиот плурализам сепак е добредојден. Но, се разбира, само до оној момент кога ќе почнат да се шират дезинформации
Мирче Адамчевски, Медиумски експерт и поранешен дописник од Москва


Сепак, според познавачите, домашниот медиумски простор е веќе под големо влијание и од западните општества.

„Може да се каже дека Западот влијае многу повеќе. Дали е тоа позитивно или негативно, тоа можат да го кажат луѓето. Но, мислам дека Западот влијае многу повеќе и е многу поприсутен во Македонија, за разлика од овие две држави (Русија и Кина, н.з.).
Медиумскиот плурализам сепак е добредојден. Но, се разбира, само до оној момент кога ќе почнат да се шират дезинформации“, апелира Адамчевски.

Во палетата од странски влијанија прст се посочува и кон далечниот исток од каде познавачите допрва очекуваат потези во полето на информациите.

„Интересен играч е Кина, која за нас можеби е сè уште енигма. Но, има огромен потенцијал и така во иднина би требало да помислиме и во таа насока“, вели Џугуманов.

XS
SM
MD
LG