Последна посета на нашава земја на вака високо политичко ниво се случи во 2001 година од страна на тогашниот државен секретар Колин Пауел, рече претседателот Стево Пендаровски коментирајќи го најавеното доаѓање на државниот секретар на САД, Мајк Помпео кој во петок треба да пристигне во Северна Македонија.
Пендаровски додава дека „има внатрешна симболика тоа што посетата се организира во Охрид“.
„Се надевам дека оваа посета значи враќање на голема врата на САД во регионот затоа што е неспорно дека сите клучни предизвици од нашата независност до денес за нашата земја беа решени со голема поддршка од САД“, истакна Пендаровски и ја нагласи улогата на САД за решавање на значајни политички прашања во регионот.