Линкови за пристапност

Нема покачувања на платите на новинарите, а може да се затвораат и медиуми, предупреди ССНМ


ССНМ предупредува: Нема покачувања на платите на новинарите, а може да се затвораат и медиуми
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:06 0:00

По повод Меѓународниот ден на слободата на печатот, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници вели дека ситуацијата не е катастрофална, но, оти сепак е лоша

Овој 3. Мај, Меѓународниот ден на слободата на печатот, медиумите во Северна Македонија го дочекуваат со скок од 2 позиции, на 90. место на овогодишниот индекс на слобода на „Репортери без граници“.

Но, и покрај подобрениот резултат на листата, ситуацијата на теренот укажува на тоа дека проблемите со кои се соочуваа македонските новинари во минатото остануваат присутни - ниски примања, притисоци, закани, страв од губењето работни места.

Оценката за измината година не е катастрофална, но сепак е лоша, вели за Гласот на Америка, првиот човек на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).

Сè е стопирано, намалени се приходите на медиумите, скратен е рекалмниот колач, а со тоа нема напредок, нема покачување на платите, нема нови вработувања.
Павле Беловски, в.д. Претседател на ССНМ


„Кога зборуваме за слободата на изразувањето и слободата на медиумите треба да знаеме дека без примања кои ќе ги задоволат потребите на новинарот како работник ние не можеме да зборуваме за слобода на медиуми и воопшто за нуклеусот – демократијата во едно општество. Тука не смее да се изземе ниту пандемијата која зеде 5 наши колеги, а отказите не се ни бројат веќе, но, она што загрижува е дека воопшто нема нови импулси во нашата професија, се` е стопирано, намалени се приходите на медиумите, скратен е рекалмниот колач, а со тоа нема напредок, нема покачување на платите, нема нови вработувања“, изјави Павле Беловски, в.д.претседател на ССНМ.

Анализите се дека пандемијата ќе влијае исклучително негативно. Стравувањата се дека може да дојде дури и до затворање на медиуми. Беа донесени одредени решенија на кус рок за да им се олесни ситуацијата на медиумите во услови на финансиска криза – поддршка за плати, под услов да не отпушале вработени.

Но, она што е потребно е системско решавање на сите проблеми со кои се соочуваат новинарите и медиумските работници - од безбедноста во вршењето на работата, до сигурноста на работните места.

„Сето тоа е еден корпус од проблеми кои се во корелација со голем број закони - Законот за медиуми, АВМУ, Кривичниот законик, Законот за работни односи. Значи ние постојано мора да добиваме предлози од нашето членство за понатаму да ги артикулираме во конкретни предлози до институциите. Значи мора да влеземе во поинтензивна соработка на тројството работник-работодавач-државата преку медијаторство на Синдикатот на медиумски работници“, рече Беловски.

Вели дека сега за разлика од порано има комуникација со Владата, која покажува слух за дел од барањата на новинарите.

Имаме позитивен тренд на слобода на говор. Сега полесно информираме за вистината и вистинските состојби, но и гледаме конкретни резултати од нашата работа, а тоа се промени во општеството.
Павле Беловски, в.д. Претседател на ССНМ


Она што во моментот е голем проблем, како и секаде во светот, е трендот на појава на голем број лажни вести со кои новинарскиот еснаф мора да се избори.

„Слободата на говорот е и обврска. Да, постои, но, мора да бидеме одговорни кога ја практицираме. Имаме позитивен тренд на слобода на говор. Сега полесно информираме за вистината и вистинските состојби, но и гледаме конкретни резултати од нашата работа, а тоа се промени во општеството. Сепак на оваа тема никогаш не треба да престанеме да зборуваме и да се подобрува амбиентот во кој работиме, но треба да се каже дека на гладен стомак не можеме да зборуваме за култура и естетика, како и што не можеме да зборуваме за слобода на медиумите без новинари кои се платени над егзенцијалниот праг, кои имаат сигурни места, ги уживаат правата од Законот за работни односи“, изјави тој.

XS
SM
MD
LG