Озлогласената терористичка организација ИСИЛ се огласи дека стои зад бомбашките напади во Шри Ланка за Велигден, а во кои загинаа повеќе од 300 лица.
Министерот за одбрана на Шри Ланка, изјави дека нападите на црквите се иницирани од минатомесечниот напад на две џамии во Нов Зеланд. Сепак, тој не изнел докази како првичната истрага дошла до таков заклучок.
До сега 40 лица се приведени под сомнение за вмешаност во бомбашките напади. Властите во Шри Ланка истражуваат за евентуална вмешаност на странски организации.
Нападите биле извршени од седуммина бомбаши-самоубијци, за кои се вели дека се дел од мала националистичка организација Џамаат.