Линкови за пристапност

Советот на обвинители одлучува околу разрешувањето на Јанева, распитите за „Рекет“ продолжуваат


Советот на обвинители одлучува за Јанева
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:00 0:00

Доколку Советот одлучи да ја разреши Јанева со мнозинство гласови, ќе треба да изготви извештај, кој потоа ќе го испрати во Собранието каде е потребно двотретинско и Бадентерово мнозинство за нејзина смена

СКОПЈЕ – Во истата сала каде пред четири години Катица Јанева даде свечена заклетва како шеф на СЈО, денеска трае седницата на Советот на обвинители на кој треба да се одлучи дали таа ќе биде разрешена поради инволвираност во случајот „Рекет“.

На седницата присуствуваше и шефот на обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Рускоска, која достави докази и документација собрани во досегашниот тек на истрагата.

Доколку Советот одлучи да ја разреши Јанева со мнозинство гласови, ќе треба да изготви извештај, кој потоа ќе го испрати во Собранието каде е потребно двотретинско и Бадентерово мнозинство за смена на Јанева.

Истрагата за случајот „ Рекет“ продолжува. Вчера во обвинителството повторно на распит беше повикан Орце Камчев кој пак во својот исказ не посочил инволвирани политичари во изнудата, освен премиерот Зоран Заев за кого нагласил дека е лицето кај кого пријавил дека е жртва.

Денеска, по втор пат, во својство на сведок исказ даваше поранешниот директор на Т- Мобиле, Жарко Луковски осомничен во предмет на СЈО, кого притворениот Бојан Јовановски го споменува во една од снимките и уверува дека „завршил работа“.

Од СЈО пак соопштија дека истрагата против Луковски за предметот „Базни станици“ е активна и ја води обвинителката Лиле Стефанова.

Во досегашниот тек на истрагата се сослушани десетина сведоци меѓу кои и тројца обвинители од СЈО но најава за распит на клучот во скандалот, притворениот Бојан Јовановски, засега нема.

XS
SM
MD
LG