Линкови за пристапност

Собранието ја изгласа потребата од Закон за ЈО по брза постапка


Собранието ја изгласа потребата за донесување Закон за ЈО по скратена постапка
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

Собранието ја изгласа потребата за донесување Закон за ЈО по скратена постапка

Со 57 гласа „за“, без поддршка на ВМРО-ДПМНЕ, собранието денеска ја изгласа потребата од донесување на законот за јавно обвинителство по скратена постапка, што е првата фаза од парламентарната процедура која треба да резултира со законско решение за идниот стаус на СЈО.

Образложувајќи го текстот што го предложи владата, министерката за правда индиректно ја спомена и аферата „Рекет“ во чиј центар е и притворената шефица на СЈО, Катица Јанева.

„Предизвиците пред кои се наоѓаме е да обезбдиме ефикасна правда. Обидот со СЈО да направиме ефикасен механизам даде плод, но видовме дека имаше и негативни реперкусии со кои во моментов се соочуваме“, рече министерката за правда, Рената Десковска.

Опозицијата не ја поддржа оваа фаза од постапката. Очекувале Десковка, во најмала рака, да си поднесе оставка.

„Ние бараме од другарката на Боки Тредичи, Рената Десковска, да си поднесе оставка од морални причини зашто во нејзиниот мандат се случи најголемиот рекетарски скандал“, истакна Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе предложи предлог-амандмани на текстот и дека нивното прифаќање ќе биде тест дали власта бара консензус и двотретинска поддршка. Што ако не се соберат потребните 80 пратеници.

Десковска најави и други модалитети за носење на Законот за Јавното обвинителство.

„Во случај да не се најде мнозинство за Законот за јавно обвинителство, ќе се најдат модалитети – или со избор на в.д. шеф на СЈО, со измена на Законот за Совет на јавни обвинители, кој се носи со обично мнозинство“, рече Десковска.

Предлог-законот сега оди на расправа во Комисијата за европски прашања. Претседателот на ова тело најави дека прво ќе ги повика партиите на консултации во обид за постигнување договор околу амандманите.

„Да најдеме начин како зеднички да дојдеме до текст на закон кој е прифатлив и кој на граѓаните ќе им ја врати довербата во институциите“, рече Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања.

Предлогот на владата е СЈО да се претопи во обвинителството за гонење организиран криминал - би се викало Обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција. За негово усвојување потребно е двотретинско мнозинство во парламентот.

XS
SM
MD
LG