Линкови за пристапност

САД го тужат Сноуден за објавувањето на новата книга


Одделот за правда го обвинува поранешниот припадник на ЦИА и на Националната агенција за безбедност поради прекршување на согласноста за чување тајни податоци

САД го тужат поранешниот припадник на ЦИА и на Националната агенција за безбедност, Едвард Сноуден за прекршување на согласноста за чување тајни податоци. Тужбата доаѓа веднаш после објавата на новата книга на Сноуден, „Постојано досие“, што од овој вторник е во продажба.

Одделот за правда го обвинува Сноуден зашто не доставил работна верзија од книгата до Агенцијата за разузнавање и до Агенцијата за национална безбедност.

Врховниот суд пресуди дека владата не може да го спречи објавувањето на такви книги, но дека може да го скрати профитот што Сноуден би можел да го заработи од продажбата на книгата. Во тужбата е спомнат и издавачот на книгата, Мекмилан.

Сноуден реагираше на тужбата преку серија објави на „Твитер“. Меѓу другото тој напиша и дека не е сигурен оти некогаш воопшто видел книга што и ЦИА и НСА не ја сметаат за опасна.

Поранешниот припадник на ЦИА пребега во Русија во 2013 година, откако пушти во јавност илјадници документи за домашни и странски разузнавачки и шпионски активности на американската влада.

САД веќе покренаа обвинение за шпионажа против Сноуден. Тој рече дека би се вратил во земјата доколку, како што самиот вели, добие фер судење.

XS
SM
MD
LG