Линкови за пристапност

Слаѓана Тасева за Гласот на Америка: Зошто институциите премолчиле за трансакциите на парите?


Интервју: Слаѓана Тасева за случајот Рекет
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:41 0:00

Не може ако институциите си ја работат својата работа тоа да остане незабележано, односно дека од финансиска институција се извлечени толку пари, вели претседателката на „Транспаренси интернешенл“ во разговор за случајот Рекет

Во овој случај во игра се многу пари во готово односно во кеш. Но тие пари дошле од некаде. Не се отпечатени таму каде што видовме дека се предаваат. Тие пари се земени од банка колку што разбравме, која е во сопственост на едно од лицата, во случајот пријавителот на аферата Рекет. И тука веќе имаме можност за вклучување на голем број на институции во проверка на овие трансакции и во следење и откривање на тоа што се случило.

Ова го вели претседателката на „Транспаренси интернешенл“, Слаѓана Тасева во интервју за Гласот на Америка, а посветено на случајот Рекет.

Според Тасева, институциите имале можност уште тогаш кога се извлечени парите од банката да реагираат и да се укаже на тоа.

Не може ако институциите си ја работат својата работа тоа да остане незабележано однос дека од финансиска институција се извлечени толку пари
Слаѓана Тасева, Транспаренси интернешенл

„Таков тип на трансакции требало да го алармира и Управниот одбор на таа банка и Управата за финансиско разузнавање, но и Јавното обвинителство, затоа што во тоа време во Јавното обвинителство, веќе се води истрага за лицето кое во случајот е пријавител, а знаеме и се зборуваше дека тоа лице е сопственик на банка. Не може ако институциите си ја работат својата работа тоа да остане незабележано однос дека од финансиска институција се извлечени толку пари“, истакнува Тасева.

Таа додава дека зачудува што транскациите долго останале неоткриени.

„Институции има, но зачудува што тоа останува неоткриено и се чекало да биде пријавено или да видиме некакви снимки. Тоа требало веднаш да биде пресретнато и откриено и веднаш да бидат воспоставени механизам и мерки што понатаму ќе се случува со тие пари. Постојат сите законски можности ова да се направи. Постојат сите институции кои ова морале да го направат. Прашањето е зошто институциите, тие кои работат во нив ова го премолчиле и не ја оствариле својата функција, онака како што е предвидено во закон“, вели Тасева.

(Целото интервју можете да го погледнете во видеото во прилог)

XS
SM
MD
LG