Линкови за пристапност

Законот за ЈО и иднината на СЈО на маса: Што ќе донесе средбата Заев – Мицкоски?


Што ќе донесе средбата Заев - Мицкоски?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

Што ќе донесе средбата Заев - Мицкоски?

Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат придружувани од соработниците кои се инволвирани во меѓупартиските разговори за законот

Утревечер во Собранието ќе се одржи долгонајавуваната средба меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Цел на состанокот е да се надминат разликите за законот за јавно обвинителство со кој се решава и иднината на СЈО.

Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат придружувани од соработниците кои се инволвирани во меѓупартските разговори за законот.


Од владата информираа дека тема на средбата ќе биде законот, а од текот на состанокот ќе зависи дали ќе се разговара и за други прашања, како на пример, предвремени парламентарни избори – сценарио за кое јавно притиска опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ се надева на конструктивна средба.

„Oчекувам сериозност од власта, да покажат сериозност за моментот, сериозност кон прашањето и да се избегне она практика секој исчекор понатаму да биде дека не важи, да го фати заевизмот и да се вратат на почетните ставови“, рече Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

На прашање дали опозициската партија е спремна на компромис со власта околу законот за јавното обвинителство, Стоилковски вели:


„ВМРО-ДПМНЕ и досега покажало дека се што е во интерес на Република Македонија и на граѓаните на Република Македонија активно учествувала и придонесувала кон подобрување на состојбите и кон напредок на државата во евро-атлантските интеграции и во однос на носење на закони кои што навистина носат квалитет во понатамошното делување на државата. Секако тоа не е безусловно и не може да се поддржи било каков законски текст, само и само да се каже дека е донесен законски текст“.

Потврди дека за ВМРО-ДПМНЕ е прифатливо префрлањето на предметите од Специјалното во јавното обвинителство – чекор што во петокот го потврди јавниот обвинител Јовески.

За опозицијата спорно е дека тоа се прави со документ потпишан од притвореничка – Катица Јанева која од „Шутка“ побара преземање на предметите од нејзиното СЈО.

Ако утре Заев и Мицкоски постигнат консензус за отворените прашања, тогаш може да се очекува усвојување на законот за што е потребно двотретинско мнозинство, а со тоа и идниот формат на СЈО, во наредните денови. Ова прашање, заедно со справувањето со актуелниот случај на висока корупција, се клучни за согласноста на одредени земји-членки за Македонија во октомври да добие даум за старт на преговори за членство.

XS
SM
MD
LG