Линкови за пристапност

Обвинителите дадоа зелено светло - може да почне разрешувањето на Јанева 


Обвинителите дадоа зелено светло - Јанева да биде разрешена
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

Одлуката падна во истата сала каде во 2015 година Јанева положи свечена заклетва дека како шеф на новоформираното СЈО бескомпромисно ќе се бори против криминалот и корупцијата 

Експресно и без дилема Советот на Обвинители одлучи да почне постапката за разрешување на Kатица Jанева од позицијата шеф на СЈО. Одлуката падна во истата сала каде во 2015 година Јанева положи свечена заклетва дека како шеф на новоформираното СЈО бескомпромисно ќе се бори против криминалот и корупцијата.

Советот треба да изготви извештај, кој според претседателот на Советот на обвинители, Коле Штeрјeв, ќе биде готов денеска или најдоцна утре, а во кој ќе бидат содржани основите за разрешување на Јанева и фактичката состојба и потоа да го достави до Собранието.

Првата инстанца во законодавниот дом каде ќе пристигне извештајот е Комисијата за мандатно имунитетни прашања чиј претседател е Илија Димовски од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Останува дилемата кој ќе ја замени Јанева и што ќе се случува со СЈО. Власта и опозицијата со месеци се заглaвени во преговори околу наследникот и статусот на СЈО

Откако извештајот ќе ја мине Комисијата и ќе добие согласност од четирите партии со најголем број на пратеници, процедурата налага да се закаже пленарна седница на која за разрешување на Јанева е потребно двотретинско и Бадинтерово мнозинство.

Останува дилемата кој ќе ја замени Јанева и што ќе се случува со СЈО. Власта и опозицијата со месеци се заглaвени во преговори околу наследникот и статусот на СЈО, а крајниот рок до кога треба да се најде решение е 15 септември.

Јанева се наоѓа во притвор и е осомничена во случајот „Рекет“ за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството за гонење на организиран криминал таа му издејствувала на бизнисменот Орце Камчев, осомничен во предметот „Империја“ на СЈО, укинување на притворот и враќање на патната исправа.

XS
SM
MD
LG