Линкови за пристапност

Полицијата и армијата заеднички го контролираат движењето на македонските граѓани


Полицијата и армијата заеднички го контролираат движењето на македонските граѓани
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:01 0:00

Полицијата и армијата заеднички го контролираат движењето на македонските граѓани

Началникот на генералштабот денеска му реферирал на шефот на државата Стево Пендаровски и врховен командант за ангажманот на војската. Претседателот апелираше до граѓаните да останат дома

МВР информира дека полицискиот час генерално се почитува со изолирани прекршувања. Јавните обвинителства веќе побарале казни за неколкумина граѓани кои не се придржувале до мерката за самоизолација.

МВР има асистенција и од армиски единици кои заедно со полицијата се распоредени низ целата земја. Началникот на генералштабот денеска му реферирал на шефот на државата и врховен командант за ангажманот на војската. Претседателот Стево Пендаровски, пак, апелираше до граѓаните да останат дома.

Знам дека ви е тешко, но, мораме да ги сочуваме нашите животи, и да им помогнеме на немоќните и повозрасните. Немаме друга опција во овој период освен да издржиме!
Стево Пендаровски, претседател на С. Македонија


„Додека целиот свет е во потрага по вакцина и лек, самоизолацијата е најдобрата превентива против вирусот. Знам дека ви е тешко, но, мораме да ги сочуваме нашите животи, и да им помогнеме на немоќните и повозрасните. Немаме друга опција во овој период освен да издржиме! Ве молам, не паѓајте со духот, сите заедно, ќе издржиме“, порача Пендаровски.

Во трите изминати дена инспекциските служби извршиле речиси 11.500 контроли при што затворени се 21 угостителски објект. Владата презентираше нови мерки за справување со заразата - замрзнување на цените на потрошен медицински материјал и медицинска опрема и укинување на царината за 13 медицински производи. Продолжува и враќањето македонски државјани во земјава – 63 граѓани кои биле во Црна Гора си дошле дома.

XS
SM
MD
LG