Линкови за пристапност

Шекеринска: Секој што бил вмешан и што овозможил ваков криминал ќе сноси одговорност


Шекеринска: Законот важи за секој од нас, никој нема да очекува политичка заштита
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:34 0:00

Шекеринска: Законот важи за секој од нас, никој нема да очекува политичка заштита

Околу барањето на претседателот Стево Пендаровски за политичка одговорност, вицепремиерката смета дека Владата не е единствена што има политичка одговорност

Ниту сме поддржувале, ниту сме штителе ниту сме овозможувале криминал, рече денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска околу случајот „Рекет“.

Таа потенцираше дека секој инволвиран ќе одговара, нема политичка заштита и законот важи и ќе важи за сите. Шеќеринска кажа дека Обвинителството има полна поддршка и од нив се очекува брзо и темелно да ја завршат истрагата.

Околу барањето на претседателот Стево Пендаровски за политичка одговорност, вицепремиерката смета дека Владата не е единствена што има политичка одговорност и дека секој кој бил вмешан и овозможил да дојде до ваков криминал ќе сноси одговорност бидејќи граѓаните, очекуваат и политичка и кривична одговорност на инволвираните.

Засега нови детали околу истрагата за случајот „Рекет“ нема. Обвинителството соопшти дека продолжува финансиската истрага како и вештачењето и дешифрирањето на одземените телефони и компјутери. Оттаму не соопштија дали, кога и во кое својство шефот на СЈО, Катица Јанева ќе биде повикана на распит.

XS
SM
MD
LG