Линкови за пристапност

Изнесени пред суд осомничените за убиството на новинарот Кашоги


Во Саудиска Арабија почна судењето на осомничените за убиството на новинарот Џамал Кашоги, којшто беше ликвидиран во саудискиот конзулат во Истанбул. За убиството се осомничени 11 лица.

Кашоги, којшто беше колумнист на „Вашингтон пост“, како и чест критикувач на саудискиот принц Мохамед бин Салман, беше убиен на 2 октомври во конзулатот во Турција.

Државната саудиска новинска агенција објави дека обвинителите побарале „соодветни казни“ за обвинетите, меѓу кои и смртни казни за петмина од нив.

Обвинителите во ноември првично најавија дека ќе бараат смртни казни и за извршителите и за наредбодавачите на злосторството. Имињата на осомничените сè уште не се објавени.

Од обвинителството на Саудиска Арабија истакнуваа дека ќе продолжат да го истражуваат случајот, како и дека побарале од турските власти да им остават докази. Но, според тврдењето на Саудиска Арабија, такви докази од турска страна не биле доставени.

XS
SM
MD
LG