Линкови за пристапност

Заминува Сара Сандерс, портпаролката на Белата куќа


Сандерс беше една од најзначајните соработнички на Трамп од првиот ден откако тој стана претседател

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс за неколку недели ќе ја напушти позицијата и ќе се врати во нејзината држава, Арканзас.

Претседателот Доналд Трамп го пофали нејзиниот досегашен ангажман и додаде оти се надева дека таа ќе се кандидира за гувернер во Арканзас, позиција што нејзиниот татко Мајк Хакаби ја имал 11 години.

Сандерс беше една од најзначајните соработнички на Трамп од првиот ден откако тој стана претседател. Таа почна како заменик портпарол, за да стигне до главна гласноговорничка на Белата куќа.

Во изјава за медиумите, Сандерс истакна дека сака да поминува повеќе време со нејзините три деца.

XS
SM
MD
LG