Линкови за пристапност

Путин го потпиша законот за „странски агенти“


Закана за затворање интернет страници, предупредуваат критичарите

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со кој со амандман на постоечкиот закон за медиумски организации се надодава и терминот „странски агенти“. За критичарите, ова има цел да го ограничи плурализмот меѓу медиумите и да ги обесхрабри слободна размена на идеи.

Новиот закон им овозможува на властите да ги етикетираат новинарите кои што работат за организации кои што официјално се окарактеризирани како странски агенти и новинарите да добијат етикета на странски агенти.

Истата етикета ќе се најде и врз индивидуалците кои што соработуваат со странски медиумите и добиваат финансиска или друга материјална помош.

Ако нешто објавено во странски медиуми ги прекршува руските регулативи, „новите норми и овозможуваат на руската влада да ги блокира интернет – страниците од странските агенти“.

Русија го усвои првичниот закон за странски агенти во 2012-та, кој бара од сите невладини организации во земјата да се регистрираат ако добиваат странска помош. Тоа се случи по најголемите анти-владини протести откако претседателот Путин дојде на власт. Путин го обвини Западот за финансирање на протестите.

XS
SM
MD
LG